Театар Сенки и Облаци

By Fashion Revolution

3 months ago

Location:Ул. Мирослав Крлежа

Upcoming events

  • 17/04/2024 02:00 - 19/04/2024 03:00

    Join Us for 'Mend in Public Day' by Fashion Revolution Macedonia!

    Неделата на модната револуција носи глобална акција за одржлива мода. Прославете ја со нас како дел од настанот 'Mend In Public Day' на 20 април од 12 до 13 часот во просториите на Театар Сенки и Облаци во Дебар Маало.

    За настанот:

    Fashion Revolution е најголемото светско движење за моден активизам, кое ги обединува граѓаните, брендовите и креаторите на политиките за позитивни промени. Во знак на одбележување на 10-годишнината од движењето, Неделата на Модната револуција 2024 опфаќа и Mend in Public Day. Скопје со гордост е домаќин на овој настан, нудејќи ѝ на јавноста можност да научи вештини за поправка на облека и да промовира одржливи модни практики.

    Што да очекувате?

    Научете ги основните техники за поправка на облека од искусни шивачи. Учествувајте во практични работилници и демонстрации. Поврзете се со истомисленици кои имаат страст кон одржлива мода. Научете да си го поправите вашето омилено парче облека со Магда и Дилек од македонскиот тим на Fashion Revolution.
    Сè што треба да направите е да го донесете вашето омилено парче облека кое е оштетено (има дупче или пак е отпарано на работ, џебот е откроен, ви паднало копчето и.т.н.) понесете си игла и конец доколку имате, ако немате ние ќе ви обезбедиме.

    Не ја пропуштајте оваа можност да бидете дел од Неделата на модната револуција и придружете ни се во можноста за позитивно влијание на модната индустрија. Резервирајте го вашето место денес и дојдете да ја поправиме вашата омилена облека за подобра и поодржлива иднина.